top of page

Кристијан Гугицев има 16 години и тој е ученик во СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово, Македонија. Тој најмногу се интересира за компјутери, дизајн и математика. Тој има учествувано на многу натпревари по информатика на државно ниво. Во 2012 тој победи со прво место на државниот натпревар по информатика во категорија апликативни вештини. Во 2013 тој победи со трето место на истиот натпревар на државно ниво. Во овој проект тој е администратор на овој веб-сајт. Неговите желби се да стане компјутерски инжењер и програмер. Неговото хоби е цртање и играње шах.

Тоше Тодоров има 18 години и учи во СОУ „Гоце Делчев" - Валандово, Македонија. Тој сака да студира компјутерски науки и инженерство. Има учествувано на неколку натпревари за програмирање. Најмногу се интересира за астрономија и астрофизика, како и за програмирање и вештачка интелигенција. Негово хоби е слушање музика, читање книги, играње видео игри итн. За овој проект тој има придонесено со информации и преведување.

Џоко Кимов има 18 години. Тој учеше во основното училиште „Јосип Броз Тито“ - Валандово, а сега учи во средното училиште „Гоце Делчев“ - Валандово. Неговите планови се да студира во иднина компјутерски науки и инжењерство. Негово хоби се компјутерските игри, слушањето музика, дружењето со пријатели итн. Во овој проект тој ни помогна околу информациите и преводот.

Сара Михајловска има 16 години. Таа е ученик во СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово и таа е најмногу заинтересирана околу музиката. Моментално таа е член на фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ и има учествувано на многу концерти и фестивали во нашата и други држави. Во овој проект таа ни помогна околу преводот.

 

Renata Chochkova има 16 години. Таа е исто така ученик во СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово. Таа најмногу е заинтересирана за англискиот јазик и нејзина желба е да стане професор по англиски јазик. Во овјо проект таа ни помомгна околу преводот.

Сењами Тахир (нашиот ментор) е професор по информатика, програмски јазици и математика во нашето училиште веќе многу години. Тој е вклучен во многу проекти на нашето училиште со цел да ги открие талентираните ученици кои се интересираат со програмирање и информатика. Негово хоби е читање... Во овој проект тој ни помогна за идејата околу проектот и некои технички проблеми во текот на работата.

Марија Џекова е професор по англиски јазик во нашето училиште. Таа работи со талентираните ученици и во овој проект ни помогна околу правилното граматичко изразување. Хоби: читање книги. 

 

Биографија

Текст: 
https://en.wikipedia.org/
Слики:
https://images.google.com/
Видеа:
https://youtube.com/
Музика:
Anastasia - Before The Rain
 

За нас

Библиографија

Убавините на Југоисточна Македонија

Beofre the rain

bottom of page